СБ на ОН првпат ќе расправа за вештачката интелигенција

sb, on
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот за безбедност на ОН неделава во Њујорк ќе ја одржи својата прва официјална седница за вештачка интелигенција, откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за нејзиното влијание врз глобалниот мир и безбедност.

Владите ширум светот размислуваат како да ги намалат опасностите од овој вид технологија што би можела суштински да ја промени светската економија и да ја преобликува меѓународната безбедносна средина.


Во текот на јули Велика Британија претседава со Советот за безбедност и се обидува да се наметне како глобален лидер во регулирањето на вештачката интелигенција.

Со седницата на СБ на ОН утре ќе претседава шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатиот месец  го поддржа предлогот на некои водечки луѓе во оваа област за формирање на меѓународно регулаторно тело за вештачка интелигенција, според урнекот на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK