Саудискиот извоз на нафта минатата година опаднал за 10, 75 отсто


– Извозот на нафта од Саудиска Арабија лани опаднал за 10,75 отсто, покажуваат податоците на организацијата ЈОДИ, пренесе саудискиот портал Мубашер.

Вкупниот извоз на нафта од Саудиска Арабија, вклучувајќи ја суровата нафта и нафтените деривати, во 2019 година изнесувал во просек 8,339 милиони барели дневно, во однос на просекот од 9,344 милиони барели пред една година, наведува саудускиот портал, повикувајќи се на ЈОДИ, а пренесува Раша тудеј.

Според базата на податоци на ЈОДИ, која собира нумерички показатели од статистичките извештаи на 114 земји , во текот на цела 2019 година саудискиот извоз не надминал 7,4 милиони барели дневно, а во септември дури опаднал на 22-месечниот минимум или 6,67 милиони барели, заради нападот врз нафтените полиња и инфраструктурата на кралството.

На падот на побарувачката за нафта во Азија, поради епидемијата на коронавирусот, Саудиска Арабија реагираше со намалување на своите официјални продажни цени (ОСП) за март за тој регион.

Организацијата за замји извознички на нафта (ОПЕК), под водство на Саудиска Арабија, се залага за дополнително намалување на производството во вториот квартал од годината како одговор на намалената побарувачка,  но нејзиниот клучен партнер во спогодбата за ограничување на производството, Русија, се уште нема излезено со официјален став за тоа дали ќе поддржи подлабоки резови, додава Раша тудеј.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]