Саудиската коалиција изведе воздушни напади врз позициите на проиранските Хути во Јемен


– Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска изведе воздушни напади врз главниот град на Јемен, Сана, и потврди дека соборила неколку вооружени беспилотни летала испратени од бунтовниците Хути кон цели во Саудиска Арабија, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на сведоци и жители на Сана.


 

Саудиските државни медиуми информираат дека беспилотните летала биле испратени до „цивилни цели“, но не ги прецизираа точните локации, додека американскиот Конзулат во Џеда, саудиски град на брегот на Црвеното море, соопшти дека во близина на Џеда и Камис Муџаита се слушале детонации.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека операцијата во Јемен е спроведена во согласност со меѓународното право.