Саудиска Арабија: Ако Иран набави нуклеарно оружје, мораме и ние

Саудиска-Арабија-Ако-Иран-набави-нуклеарно-оружје-мораме-и-ние.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман предупреди дека ако Иран набави нуклеарно оружје, Саудиска Арабија ќе го стори истото.


„Ако Иран добие нуклеарно оружје, и ние мора да го добиеме“, изјави саудискиот принц за Фокс њуз во интервју емитувано вчера. Иран негира дека сака нуклеарно оружје.

Врските меѓу Ријад и Техеран се подобрија по договорот во март, со посредство на Кина, за повторно воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји по седум години без формални врски.

Бин Салман рече дека Иран е сериозен во напорите за помирување со Саудиска Арабија.

Разговарајќи за напорите за нормализирање на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел, принцот изрази оптимизам за постигнатиот напредок, велејќи: „Се приближуваме секој ден“. Тој негираше дека преговорите со Израел со посредство на САД биле прекинати.

Зборувајќи за важноста на палестинското прашање во контекст на нормализацијата на односите со Израел, тој рече: „Палестинското прашање е многу важно за нас. Мораме да го решиме тој дел“.

„Мораме да видиме во која насока оди прашањето. Се надеваме дека ќе им го олесниме животот на Палестинците, ќе го добиеме Израел како играч на Блискиот Исток“, додаде тој.

Администрацијата на Бајден активно работи на дипломатска нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел. Тие сакаат да постигнат нешто слично на т.н Договори на Абрахам – Серија договори за нормализација со посредство на САД во 2020 година меѓу Израел и четири арапски држави за време на администрацијата на Трамп.

Пред да се согласи на каков било договор, Саудиска Арабија бара формирање на независна палестинска држава и други отстапки од Израел за Палестинците. Покрај тоа, објавено е дека Саудиска Арабија бара поголеми безбедносни гаранции од САД, како и помош во развојот на својата цивилна нуклеарна програма.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK