Саливан: САД сакаат да го продлабочат економското партнерство со Тајван


– САД сакаат да го продлабочат своето економско партнерство со Тајван, вклучувајќи ја и во сферата на високата технологија, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за време на летото на претседателот Бајден на Јапонија.


 

За време на неговата прва посета на Јапонија како претседател на САД Бајден ќе учествува на самитот на државите членки на Квад, при што ќе се сретне со лидерите на Јапонија, Индија и Австралија.

Британските медиуми известуваат дека регионалните безбедносни прашања ќе бидат на врвот од агендата на самитот на лидерите од Квад.

-Не сакаме да видиме еднострани промени во статус кво и секако не сакаме да видиме воена агресија. Би сакале оваа порака да дојде не само од нас, туку и од нашите сојузници и партнери, како во регионот, така и надвор од регионот, им кажа Саливан на новинарите за време на летот со претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

„Сакаме да го продлабочиме нашето економско партнерство со Тајван, вклучувајќи ги и високо технолошките прашања, полупроводниците и синџирите за снабдување“, потврди Саливан.