САД воведоа санкции против Кери Лам и функционери во Хонг Конг



Хонг Конг ги одлага изборите поради коронавирусот - МИА

Вашингтон, 7 август 2020 () – САД денеска воведоа санкции против лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, сегашниот и поранешен полициски комесар и осум други функционери за нивната улога во, како што тврдат, ограничување на политичките слободи во Хонг Конг.

– Кери Лам е извршна шефица директно одговорна за спроведување на кинеската политика за задушување на слободата и демократските процеси, се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.

Санкциите се воведени врз основа на указ потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп во јули, а се однесуваат и на секретарот за безбедност и правда во Хонг Конг.

– САД стојат со граѓаните на Хонг Конг и ние ќе ги употребиме нашите средства и овластувања за да ги таргетираме оние што ја поткопаат нивната автономија, рече американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*