САД успешно тестираа далечинско лансирање на нуклеарна ракета со команда од воздух



САД успешно тестираа далечинско лансирање на нуклеарна ракета со команда од воздух - МИА

Вашингтон, 4 август 2020 () – Военото воздухопловство на САД денеска соопшти дека успешно тестираше балистичка интерконтинентална ракета (ИЦМБ) „Минитмен три“,со далечинска команда од авион во воздух. Ракетата може да носи три нуклеарни боеви глави.

Невооружената ракета беше лансирана од воздухопловната база Банденберг во Калифорнија и прелета 6.760 километри на Пацификот и падна во море во близина на Малшарските Острови.

– „Минитмен три“ има 50 години и продолжувањето на нејзиното тестирање е важно за да обезбедиме нејзина еефикасност до 2030 година, кога ќе биде заменета со нова ракета ГБСД (Ground Base Strategic Deterrent), соопшти американското воено воздухопловство.

„Минитмен три“ од 2005 година е единствен преостанат тип на нуклеарна ракета земја – воздух во американскиот нуклеарен арсенал, која е инсталирана во подземни силоси во три воени бази: Во Вајоминг, во Јужна Дакота и во Монтана.

Нуклеарните ракети „Трајдент“ наменети за гаѓање цели на земја, инсталирани се на подморниците, а третиот и последен вид нуклеарно оружје на САД се бомбите кои ги носат стратешките авиони – бомбардери. 


Изминатата недела 705 нови позитивни со коронавирус, за 10,8 проценти помалку од претходната - МИА
Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, седум починати, оздравени 132 пациенти

Скопје, 16 септември 2020 () – Нови 163 случаи со Ковид-19 од направени 1.721 тестирање, седум починати и 132 оздравени пациенти, регистрира Министерството за здравство во последните 24 часа. Од новорегистрираните  во Скопје има 33 […]

ЕУ: Ќе помогнеме да се реши спорот меѓу Скопје и Софија - МИА
Вести

Бугарија се буни за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија

Брисел, 16 септември 2020 () – Објаснувачкиот меморандум на Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со ЕУ се состои од шест страници со долги историски образложенија […]

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести - МИА
Вести

Бајрактаров: Следува пандемија на ментални болести

Скопје, 16 септември 2020 () – Ковид-19 предизвика и една пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, тоа е познато уште од сите светски кризи и економски и војни, како и здравствени кризи, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*