САД: Сенатот одобри пакет економска помош вреден 2.000 милијарди долари


– Членовите на американскиот Сенат го одобрија пакетот економска помош вреден 2.000 милијарди американски долари, чија цел е намалување на економските последици од новиот коронавирус во САД.

Предлог-законот беше поддржан од 96 членови на Сенатот и никој не гласаше против/

По Сенатот, во кој има републиканско мнозинство, Претставничкиот дом, каде демократите се мнозинство, треба да го донесе законот, в петок во девет часот наутро по локално време.

За да стапи на сила, документот, по неговото усвојување и во двата дома мора да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп.

Пакетот економска помош обезбедува 500 милијарди американски фонд за загрозената индустрија и слична сума пари што ќе им бидат исплатени директно на американските домаќинства – до 3.000 американски долари.

Предлогот вклучува и 350 милијарди американски долари заеми за малите бизниси, како и 250 милијарди американски долари помош за невработените.
Планирано е и издвојување од 100 милијарди американски долари за болници и здравствени системи.

Тоа е најголемиот пакет за помош што Конгресот воопшто го одобрил досега, и опфаќа речиси половина од годишните трошоци на американската Влада.


Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]

Бизнис

Баравме системски мерки за сите засегнати, а не делумна помош во криза

31, Март, 2020, Скопје – Сојузот на стопански комори се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од наша страна се бараа системски мерки за сите засегнати микро, […]

Вести

Владата со втор пакет мерки за граѓаните и фирмите за увлажување на последиците од Ковид-19

Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на ниво […]