САД повлекуваат милиони бебешки лежалки „Фишер-Прајс“


Милиони лежалки за бебиња на производителот „Фишер-Прајс“ се повлечени од пазарот по смртта на повеќе десетици новороденчиња, соопшти американската Комисија за безбедност на потрошувачите (ЦПСЦ).

– Смртта на бебињата се случи во лежалките Рок енд Плеј, откако новороденчињата се вртеле на стомак или странично додека не биле под надзор, или, пак, во други околности, наведува Комисијата во своето соопштение.

Повлечени се околу 4,7 милиони производи. Американската педијатриска академија, исто така, побара сите производи да се повлечат од пазарот.

Најмалку 32 бебиња починале во тие лежалки од 2009 година, тврди Комисијата.

„Фишер-Прајс“ вчера истакна дека доброволно ги повлекува „сите примероци“ на производот „во партнерство“ со ЦПСЦ.

– Иако и понатаму ја гарантираме безбедноста на сите наши производи, имајќи ги предвид пријавените инциденти во кои производот се користел спротивно на безбедносните предупредувања и упатства, одлучивме дека доброволното повлекување е најдобар начин на дејствување, соопшти компанијата.

Вести

По 100 години Германија воведува воени рабини

Германската влада денеска донесе одлука да  врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите. „Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници“, […]

Вести

ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани на Законот за јазиците, партиите на Албанците против негова измена

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека многу скоро ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците, со кои, како што велат од партијата, ќе значат негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија. Претседателот на […]

Вести

Илиевски најави кривична за Инспекцискиот совет зашто не постапил по одлуката на Антикорупциска

Инспекцискиот совет кој е формиран од Владата работи контра Антикорупциската комисија во однос на донесената одлука за поведување дициплинска постапка против главниот просветен инспектор Африм Салиу. Тоа е незаконито, несовесно и непрофесионално работење на претседателката […]