САД ја обвинија Кина за злоупотреба на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд


САД со санкции за компаниите превозници на венецуелска нафта - МИА

Вашингтон, 6 јуни 2020 () – Американските власти денеска ја обвинија Кина дека на „одвратен начин“ ја злупоотребува смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина по полициското апсење.

-Кинеската комунистичка партија на одвратен начин ја користи трагичната смрт на Џорџ Флојд  за да го оправда своето авторитарно негирање на човековото достоинство и уште еднаш го покажува своето вистинско лице, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Според Помпео, како и во сите диктатури низ историјата „ниту една лага не е доволно груба кога е во интерес на владејачката партија“.

Тој оцени дека разликата меѓу двете земји може јасно да се види.

-Нашиот печат е слободен и ги покрива сите настани од почеток до крај за да може целиот свет да разбере што се случува, рече Помпео.

Кинеските власти неодамна обвинија дека во САД постои „хронична болест“  на расизмот, оценувајќи дека во оваа земја се користат двојни стандарди.

Кинеското Министерство за надворешни работи го спореди насилството во САД против расизмот по смртта на Флојд со протестите што го потресоа Хонг Конг минатата година.

-Зошто САД ги сметаат за херои поддржувачите на насилството и таканаречената независност на Хонг Конг, а оние кои го осудуваат расизмот ги смета за криминалци, рече неименуван портпарол на кинеската дипломатија.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]