САД и Саудиска Арабија бараат продолжување на ембаргото за увоз на оружје на Иран



САД и Саудиска Арабија бараат продолжување на ембаргото за увоз на оружје на Иран - МИА

Ријад, 30 јуни 2020 ()  – Саудиските и американските власти повикаа на ново продолжување на ембаргото за увоз на оружје за Иран, предупредувајќи дека укинувањето ќе има полош ефект врз регионалната безбедност, особено врз Јемен, каде Иран ги вооружува бунтовниците од племето Хути.

-Укинувањето на ембаргото ќе го охрабри Техеран и можеби ќе ја охрабри трката во вооружување на Блискиот Исток, изјави американскиот пратеник за Иран, Брајан Хук, на заедничката прес-конференција во Ријад со саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубеир.

„Советот за безбедност на Обединетите нации не може да го прифати тоа“, додаде Хук.

Саудиските власти на средбата со новинарите ги покажа остатоците од ракети  и беспилотни летала што Иран, наводно, им ги доставувал на јеменските бунтовници и со коитие ги напаѓале саудиските градови.

Иран се наоѓа под ембарго за увоз на оружје до октомври годинава, во согласност со Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, која го реафирмира меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, потпишан во 2015 година.

САД во 2018 година еднострано се повлекоа од тој договор и вднаш воведоа строги санкции за Техеран, потсетуваат британските медиуми.

Вашингтон уште од почетокот на оваа година ги повикува членките на Советот за безбедност на ОН да поддржат продолжување на ембаргото.


Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*