САД го вооружуваат Тајван со 40 хаубици од 155 милиметри


– Стејт департментот ја одобри потенцијалната продажба на Тајван на 40 артилерски системи од среден дострел- самоодни хаубици од моделот М109А6 од средна големина, со калибар од 155 милиметри.


 

Пентагон наведува дека договорот за набавка на оружјето вреди 750 милиони долари.

Британските медиуми наведуваат дека соопштението од Пентагон доаѓа по минатогодишната продажба на оружје за оваа островска земја, во која беа вклучени беспилотни летала и ракети земја-вода и земја-воздух, што имаше за цел подобрување на воените и тактички способности на Тајван и да се обесхрабри Кина да не планира инвазија на островот.

Со оваа зделка Белата куќа ја одобри и втората директна комерцијална продажба на оружје за Тајван откако Џо Бајден ја презеде претседателската функција.

Најновиот пакет вклучува продажба на нови видови хаубици, 1.698 комплети за прецизно наведување на артилериските проектили, резервни делови, обука, копнени станици и надградба за претходниот, постар тип американски хаубици, соопшти Пентагон.