САД без кибер напади на денот на претседателските избори


–  Во денот на изборите не бил регистриран кибер напад, изјави директорот на Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура (ЦИСА), Крис Кребс.


 

– Ова е резултат на четиригодишна соработка меѓу сите државни агенции и 50 земји што споделија податоци. Каде што бевме во 2016 година и каде сме сега е неспоредливо, рече шефот на ЦИСА.

Ен-Би-Си потсетува дека руски хакери се обвинети за наводно пренесување на десетици илјади гласови на Доналд Трамп, кои биле наменети за Хилари Клинтон, на претходните избори во 2016 година.