Руското вселенско летало се урна на површината на Месечината по „ненормална ситуација“

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското вселенско летало Луна-25 се урна на површината на Месечината еден ден откако беше пријавена „ненормална ситуација“ и се загуби, објави руската новинска агенција Тасс. Како што соопшти руската државна вселенска агенција Роскосмос, комуникацијата со леталото е прекината.


„Според прелиминарните пресметки, Луна-25 се префрлила на непредвидена орбита и се судрила со површината на Месечината“, објави Роскосмос, кој вчера објави „ненормална“ ситуација на леталото откако беше испратен сигнал од Земјата дека треба да започне процес на подготовка на леталото за слетување на површината на Месечината.

Во денешното соопштение Роскосмос додава дека веднаш е формирана специјална меѓуресорска комисија која треба да ги истражи причините кои довеле до губење на леталото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK