Руски воени блогери тврдат дека почнала украинската контраофанзива, Москва демантира

bahmut
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека украинските сили ги пробиле руските линии во неколку делови од линијата на фронтот околу Бахмут, додавајќи дека „воената ситуација е под контрола“.

Москва реагираше на тврдењата на шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, но и на руски воени блогери, кои на Телеграм известуваат за украинско напредување јужно и северно од Бахмут, при што некои сугерираат дека долгоочекуваната контраофанзива на Киев почнала.


– Изјавите што кружат на некои канали на Телеграм за пробивање на одбранбените линии на различни делови од линијата на фронтот не одговараат на реалноста, соопшти руското Министерство за одбрана додавајќи дека „севкупната ситуација во областа на специјалните воени операции е под контрола“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK