Руски власти: Осуммина загинати во поплавите во областа Херсон под руска контрола

herson
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку осум луѓе загинаа во поплавите во делот на Херсонската област окупирана од Русија, соопштија денеска руските власти.

„Поплавени се вкупно 22.273 куќи на 17 места. Според прогнозите, надојдените води можат да траат уште 10 дена“, објави на Телеграм Владимир Салдо, шеф на окупираниот дел на регионот Херсон.


Според него, од вторникот од поплавените подрачја под руска контрола се евакуирани 5.800 луѓе, а 4.000 луѓе се во опасност да останат без вода за пиење. Тој рече дека украинското бомбардирање на регионот „ја отежнува работата на спасувачите“.

Русија, од своја страна, го бомбардираше градот Херсон и дел од регионот под украинска контрола.

Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната Каховка, чие езеро се празни и ја поплавува Херсонската област. Засега ниту еден независен извор не објави што го предизвикало пукањето на браната, што се наоѓа во зоната под руска окупација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK