Руски и советски знамиња забранети утре во Берлин на Денот на победата

berlin_234234234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Руските и советските знамиња ќе бидат забранети утре во близина на советскиот споменик во центарот на Берлин, соопшти Вишиот управен суд на германскиот главен град.

Високиот суд на тој начин ја поништи одлуката на управниот суд со кој се укина забраната за овие знамиња по повод одбележувањето на германската капитулација на 8 и 9 мај.


Така, околу Меморијалот во паркот Тиргартен се забранети руското и советското знаме, како и лентата на Свети Ѓорѓија, формирана од три црни ленти, кои редовно се креваат во Русија за да ја одбележат победата над нацистичка Германија во 1945 година.

Украинските знамиња, кои првично беа забранети од полицијата, ќе бидат дозволени, одлучи управниот суд во Берлин.

– Проценката на полицијата дека (руските) симболи најверојатно ќе пренесат пораки на насилство во поглед на тековната агресивна војна против Украина, се покажа како основана, образложи Вишиот суд во својата одлука.

Се додава дека во сегашниот контекст тие симболи би можеле да се протолкуваат како порака за „за симпатии кон водење војна“.

Одлуката на судот ја поздрави берлинската полиција која утре масовно ќе ги мобилизира своите членови за да се избегнат можни насилства.

Утре во Берлин се очекува собир на руски моторџии од клубот „Ноќни волци“, лојални на Кремљ, кои ја напуштија Москва на крајот на април.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK