Руска амбасада објави мапа на која Крим е дел од Украина, но брзо ја повлече објавата

mapa-ruska-ambasada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадата на Русија во Јужна Африка сподели мапа на интернет на која е прикажан незаконско анектираниот полуостров Крим како дел од Украина. Целта на објавата на профилот на амбасадата на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, беше да се промовира БРИКС како растечка организација.


Наместо тоа, од објавата се појави дека руската амбасада го признава Крим како дел од Украина, пишува „Њусвик“. Објавата содржела светска мапа на која во границите на Украина се прикажани источните делови на нејзината територија за кои Русија тврди дека ги анектирала, како и Крим, кој беше незаконски анектиран од Москва во 2014 година.

Сегашните и потенцијалните членови на БРИКС се означени со посебна боја на картата. Основачи на организацијата се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Оваа година, шест дополнителни земји беа поканети да се приклучат на блокот: Етиопија, Аргентина, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Иран.

Украина и нејзините сојузници во Европската унија и НАТО не ги признаваат руските претензии за Крим и источна Украина и повикаа наведените територии целосно да се вратат под контрола на Киев. Откако беше објавена рано вчера, објавата на руската амбасада привлече повеќе од 292.000 прегледи, како и голем број на потсмевни коментари. Објавата набрзо беше отстранета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK