– Руски проектил го уништи централниот олтар на црквата „Преображение“ во Одеса, поради што храмот е делумно уништен, информира Одеската епархија на Украинската православна црква, пренесе Укринформ.
„Ноќта на 23 јули 2023 година, за време на руски терористички напад врз градот Одеса, непријателски проектил ја погоди црквата „Преображение“.
Забележано е дека се уништени простории во долниот дел на црквата.
Се прецизира дека во нападот е поврден чуварот на црквата.
„Одеската епархија на Украинската православна црква уште еднаш ја осудува руската агресија врз Украина, овој терористички чин против главното светилиште и духовното срце на градот Одеса – црквата „Свето Преображение“, околу која живеат мирни граѓани, а самата катедрална црква на никаков начин не е поврзана со воени објекти“, додаваат од епархијата.