Русија усвои измени во изборниот закон


Русија усвои измени во изборниот закон - МИА

Москва, 15 јули 2020 () – Руските пратеници усвоија денеска измени во изборниот закон, со кои се овозможува одржување избори во траење од три дена и надвор од вообичаените избирачки места, што беше осудено од опозицијата која стравува дека тоа ќе ги зголеми нерегуларностите.

Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, во соопштението наведува дека измените во изборниот закон овозможуваат организирање избори „надвор од избирачките места, односно на места и простори прилагодени за одржување избори“.

Текстот е потврден при второ читање, што е најважно во рускиот законодавен систем. За него наскоро ќе се гласа во третото и последно читање.

Измените се случуваат по контроверзниот референдум, одржан од 25 јуни до 1 јули, на кој беа изгласани уставните измени, со кои се зајакнаа надлежностите на рускиот претседател Владимир Путин. Гласањето беше организирано во паркови, на клупи и не се водело грижа за тајноста на гласањето.

Властите наведуваат дека таквите мерки биле оправдани поради епидемијата на коронавирусот, а опозицијата го осуди како начин за фалсификување на резултатите од референдумот, на кој речиси 78 отсто од гласачите ги поддржаа уставните реформи.

Во Русија во септември е предвидено одржување на локални избори, а парламентарните ќе бидат следната година.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*