Русија првата серија вакцина против Ковид-19 и ја испрати на Белорусија


– Русија ја испрати првата серија од својата вакцина „Спутник V“ против Ковид-19 во Белорусија на клиничко испитување, што е прва испорака во странство, соопшти денеска Рускиот Фонд за директни вложувања (РДИФ), суверен фонд на Русија.

Доброволци во Белорусија ќе почнат да ја примаат руската вакцина од 1 октомври, соопшти РДИФ, кој е поддржан од творците на вакцината.

Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигнал договори за набавка на руски вакцини со Казахстан, Бразил и Мексико.

Претходно, исто така, беше постигнат договор за партнерство во производство на 300 милиони дози вакцина „Спутник V“ во Индија.

Големи клинички испитувања, односно третата фаза, со најмалку 40.000 учесници, Русија започна на 26 август.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*