Русија подготвува лет за Венера



На Венера пронајден е гас што на Земјата е признак на живот - МИА

Москва, 15 септември 2020 () – Русија е во состојба самостојно да ја финансира националната мисија до Венера со рок за лансирање во 2030 година, изјави Анатолиј Петрукович, директор на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките.

– Ако нема преголемо трошење, тогаш до 2030 година ќе можеме да го реализираме ова, рече тој.

Според Петрукович, лансирањето на лунарните мисии Луна-26 и Луна-27, соодветно, во 2024 и 2025 година, овозможува да се финансира следниот проект. Тој истакна дека во моментов се разгледува можноста за започнување на мисија во Венера во 2029 година, пренесува БГНЕС.

Претходно беше објавено дека Роскосмос одлучи да ја спроведе мисијата Венус-Д за проучување на Венера како национална, без широко учество на меѓународни учесници. Претходно, САД беа рамноправен партнер во проектот.

Вчера беше објавено дека научниците од Универзитетот Кардиф (Велика Британија) и Технолошкиот институт во Масачусетс (САД) пронашле фосфин во атмосферата на Венера, што е најверојатно од биолошко потекло. Се произведува од микроорганизми кои не користат кислород за дишење.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*