Русија ќе ја тестира вакцината против коронавирус на деца следната година



Вакцината против новиот коронавирус најверојатно во две дози, најавуваат научници - МИА

Москва, 4 август 2020 () – Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца во периодот јануари – февруари следната година, изјави директорот на Центарот, Александар Гинцбург.

Тој рече дека Институтот никогаш не спровел тестирање на деца.

– Педијатрите ги знаат овие специфики, па заедно со нив подготвуваме документација што ќе ја доставиме до Министерството за здравство за да можеме да спроведеме тестови на деца, но само откако ќе ги завршиме сите тестови на возрасните, рече Гинцбург.

Според него, тестирањето врз децата ќе започне во текот на зимата, бидејќи третата фаза од тестирањето за вакцината против коронавирусот за возрасни ќе трае околу пет месеци.

– Се надевам дека вакцината ќе биде погодна за деца, но според рускиот закон, вакцината може да се тестира на деца само кога ќе помине целиот циклус на тестирање на возрасни, појасни Гинцбург.

 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*