Русија и СЗО преговараат околу можна проверка на руската вакцина



Русија и СЗО преговараат околу можна проверка на руската вакцина - МИА

Женева, 11 август 2020 () – Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на можно тестирање на безбедноста и ефикасноста на новата вакцина против Ковид-19 одобрена во Русија, соопшти денеска портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија станала првата земја во светот што дала регулаторно одобрение за вакцина против Ковид-19 по помалку од два месеци тестирања врз луѓе.

– Ние сме во близок контакт со руските здравствени власти и во тек се разговори за евентуална проверка на безбедноста и ефикасноста на вакцината во рамки на СЗО, но овој процес вклучува ригорозен преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедност и ефикасност, рече Јашаревиќ на брифинг на ООН во Женева.

Русија ја нарече својата прва одобрена вакцина против Ковид-19 „Спутник V“ за странските пазари, што е референца на првиот светски сателит и што Москва го смета за свој успех бидејќи е прва земја што ја одобри вакцината, изјави денеска висок официјален претставник.


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*