Русија и Кина повикуваат на воздржаност во Ормутскиот теснец


Русија и Кина денеска ги повикаа Иран и Велика Британијда да се воздржат од натамошни тензии по краткотрајниот инцидент меѓу нивни бродови во Ормутскиот теснец.

Британската морнарица утринава соопшти дека вчера спречила три ирански бродови да го блокираат минувањето на британски танкер во Ормутскиот теснец, додека Иран негираше какви било обиди за такво нешто. Инцидентот се случи само еден ден откако иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди на последиците од запленувањето на нивниот танкер кај Гибралтар.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека во Персискиот залив и Ормутскиот теснец „мора да се обезбеди слободна пловидба“ која, како што кажа, е клучна за светската економија. Тој ги повика сите страни да покажат воздржаност и своите спорови да ги решат преку преговори, пренесоа американските меидуми.

И Кина ги повика сите страни да го избегнат натамошното кревање тензиии во регионот на Персискиот залив откако Велика Британија сооошти дека три ирански брода се обиделе да го попречат минувањето на британскиот танкер со нафта „Британско наследство“  низ Ормутскиот теснец.

Портпаролот на кинеското Министерствот за надворешни работи Генг Шуанг изјави дека Пекинг се надева дека страните во спорот „ќе ја задржат ладнокрвноста и воздржаноста“ и ќе го зачуваат мирот и стабилноста во регионот на Заливот.

Генг пред новинарите кажа и дека Кина, која е меѓу најголемите купувачи на нафта и гас што се превезува преку мореузот, го гледа влијанието што може да го имаат случувањата во овој регион врз глобалното снабдување со ресурси, пренесоа американските медиуми.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]