Русија и Кина ги завршија заедничките воени вежби во Јапонското Море

brodovi_24234233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Русија и Кина денеска ги завршија заедничките воени вежби во Јапонското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

На заедничката поморска вежба „Север/Интеракција-2023“, воените морнарици на двете земји изведувале активности за одбивање воздушен напад од замислен непријател.


– Нападите на воените бродови од различни правци беа симулирани од борбени авиони на руската Пацифичката флота и на Народноослободителната армија на Кина. Друга задача во рамките на вежбата беше да се погоди крајбрежна цел со наведувани ракети од море, се вели во соопштението, цитирано од ТАСС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK