Русија и Белорусија ја синхронизираат „стоп листата“ за ЕУ


– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека е воспоставена координација со Белорусија во рамките на Унијата на заеднички држави за синхронизирање на „стоп листата“, како одговор на санкциите наметнати од Западот.



-Во согласност со принципот на реципроцитет, ние ја проширивме нашата стоп листа со вклучување на претставници на земјите-членки на ЕУ, кои активно учествуваат во лудилото со санкциите, рече Лавров на прес-конференција.

Лавров посебно ја потенцира брзината на неговите белоруски колеги при усвојувањето на одлуката.

-Како што знаете, ние ги обединивме стоп листите од 2015 година, па затоа оваа координација во рамките на Унијата на држави е усогласена, рече министерот.

ЕУ досега воведе два пакети санкции против Минск, насочени кон 55 членови на раководството на земјата, вклучително и претседателот Александар Лукашенко и претставници на структурите на власта. На сите им е забранет влез во ЕУ, додека сметките во европските банка ќе им бидат замрзнати доколку такви бидат откриени.

Лукашенко на 24 ноември кажа дека и Белорусија ќе воведе санкции кон земјите на ЕУ, како одговор што ќе и наштети на Унијата.