Русија: Ги евакуиравме Ерменците од Нагорно Карабах

Русија-Ги-евакуиравме-Ерменците-од-Нагорно-Карабах.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Етничките Ерменци се евакуирани од Нагорно-Карабах, објави руското Министерство за одбрана, откако Азербејџан воено ги порази тамошните сепаратисти.


Руското Министерство соопшти дека нивните сили стационирани во областа евакуирале околу пет илјади Ерменци од најопасните области. Во регионот живеат 120.000 Ерменци.

Иако регионот е меѓународно признат дел од Азербејџан, мнозинството од населението се етнички Ерменци. Азербејџан во вторникот таму започна „антитерористичка“ воена операција.

Ерменците вчера се согласија со условите на Баку, што доведе до прекин на огнот. Ерменската страна тврди дека загинале повеќе од 30 луѓе, а повеќе од 200 од нив се повредени, пишува агенцијата ДПА. Голем број Ерменци сега стравуваат да се вратат во своите домови.

Некои од нив сметаат дека Москва, традиционалниот сојузник на Ерменија, не ги поддржала доволно во однос на Азербејџан. Русија не ја спречи повеќемесечната блокада на коридорот Лачин, единствениот пристап на Ерменија до Карабах, ниту се спротивстави на азербејџанската армија, тврдат Ерменците, пренесува ДПА.

Затоа, во Ереван, освен властите обвинети дека не сториле доволно за да ги заштитат своите сонародници, гневот на протестите беше насочен и кон руската амбасада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK