Руденко: Русија, САД и Франција работат на деескалацијата на ситуацијата во Нагорно-Карабах


Рускиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Руденко, попладнево изјави дека Русија, заедно со САД  и Франција, прави активни напори за намалување на тензиите и за деескалација на ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах.



Русија, појасни Руденеко, како копретседател на групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), заедно со САД и Франција, прават напори за надминување на тензиите и воспоставување прекин на огнот во Нагорно-Карабах, јави Анса.

Во неделата во спорниот кавкаски регион Нагорно-Карабах, што формално му припаѓа на Азербејџан, но во кој живее мнозинско ерменско етничко населние, почнаа судири меѓу соседните држави Азербејџан и Ерменија.

Оттогаш двете земји меѓусебно се обвинуваат за почнување на жестоките воени дејствија, а досега има стотици загинати и повредени војници и цивили на двете страни.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*