Рохани: Бахреин и Емиратите ќе бидат единствените одговорни за последиците од договорот со Израел



Рохани: Наскоро продолжуваат економски активности со низок ризик - МИА

Техеран, 16 септември 2020 () – Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Бахреин и Обединетите Арапски Емирати ќе бидат единствените „одговорни за сериозните последици“ од нормализацијата на нивните односи со Израел.

Во телевизискиот говор ден по потпишувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и двете земји од Персискиот залив, со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Рохани всушност не ги спомна по име овие арапски земји од Заливот.

Тој критикуваше „одредени земји во регионот“, чии „лидери не разбираат ништо од религијата и го игнорираат нивниот долг кон палестинската нација“, прашувајќи како можат да се приближат до Израел.

На почетокот на септември, иранскиот врховен лидер Али Хамнеи ги обвини Емиратите за „предавство на муслиманскиот свет, арапските земји, земјите од регионот и Палестина“, согласувајќи се да ги нормализираат нивните односи со еврејската држава.

Во саботата, иранското Министерство за надворешни работи ја обвини монархијата на Бахреин дека е „соучесник во злосторствата на ционистичкиот режим“.

Емиратите и Бахреин се третата и четвртата арапска земја што воспоставија дипломатски односи со Израел по Јордан во 1994 година и Египет во 1979 година.

Од исламската револуција во 1979 година, Иран не пропушти можност да ја повтори својата заложба за одбрана на палестинските цели.

 


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*