Родители од 30 земји бараат мерки за климатските промени


Родители од речиси 30 земји денеска побараа од властите кои преговараат на самитот за климата во Мадрид да преземат итни мерки за намалување на влијанието на климатските промени во светот, со цел благосостојба на децата, кои се подложни на се поголемо загадување и природни катастрофи.

 

Повеќе од 200 активисти на родителски групи од сите континенти потпишаа изјава во која се истакнува дека сегашната конференција за климата во Мадрид е „клучна шанса“ да се придонесе за намалување на глобалното затоплување за 1,5 степен Целзиусов.

 

Тие велат дека како родители се очајни што децата ги предаваат на „оштетен свет на работ на климатскиот хаос и колапс на животната средина“.

 

Според нив, со секоја минута политичка пасивност, се продлабочува климатската криза, се ризикуваат животите, здравјето и иднината на децата.

 

– Сега сме во критичен момент во кој секој испуштен јаглерод нè приближува до опасна климатска точка што може да ја уништи човечката цивилизација за нашите животи, предупредуваат групите за животна средина.


Вести

Нови 53 случаи со коронавирус, вкупно 483, евидентирани пет починати

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица, На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени […]

Вести

Русија: Во јуни тестирање на вакцина за Ковид-19 на луѓе

Тестирањата на новиот прототип на вакцини против новиот коронавирус на животните ќе бидат завршени кон крајот на април, а тестирањето на луѓе ќе почне во јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот векторски државен […]

Вести

Четиринаесет медицински лица од штипското Инфективно одделение превентивно во самоизолација

 – Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била […]