Рено ќе укине 15.000 работни места од кои 4.600 во Франција


Рено ќе укини 15.000 работни места од кои 4.600 во Франција - МИА

Париз, 29 мај 2020 () – Француската автомобилска групација Рено, што е во финансиски потешкотии, најави план за штедење од два милијарди евра во следните три години и укинување на 15.000 работни места, од кои 4.600 во Франција, јави дописникот на .

Рено вкупно вработува 48.000 луѓе. Компанијата нема да има директни отпуштања од работа односно ќе има пренасочување, внатрешна мобилност или доброволно заминување.

Вкупно групата Рено, во која се наоѓаат уште четири други марки покрај Рено, Алпин, Дачиа, Лада и Самсунг Моторс, предвидува намалување за осум отсто на своите ефективи во светот.

Синдикатот ЦФДТ, втор синдикат во групацијата Рено, утрово обвини дека планот претставува „социјален крах и деиндустријализација“, заканувајќи се дека ќе ги употреби сите средства за да биде слушнати нивните барања.

 


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]