Регулаторно тело ги предупреди турските медиуми за објавување резултати од изборите

izbori tucija 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Врховниот совет за радио и телевизија на Турција (РТУК) Ебубекир Шахин предупреди дека резултатите од претседателските и парламентарните избори не можат да бидат објавени до 21 часот по локално време (20 часот по средноевропско време), освен ако Врховната изборна комисија (ЈСК) не одлучи поинаку, јави Анадолија.

– ЈСК има овластување да ги објави резултатите пред овој рок. Ова е законска обврска, рече Сахин.


Гласачките места ширум Турција беа затворени денеска во 17 часот по локално време (16 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за претседателските и парламентарните избори.

Граѓаните на Турција денеска гласаа на претседателски и парламентарни избори и избраа меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за прв пат гласале повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK