Расте бројот на заразени морнари на носачот Теодор Рузвелт


Расте бројот на заразени морнари на носачот Теодор Рузвелт - МИА

Вашингтон, 4 април 2020 () – Бројот на морнари на американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт, кои се позитивни на коронавирусот за 24 часа се зголеми за 13 на 155 инфицирани, соопшти денеска американската морнарица.

Досега се тестирани околу 44 проценти од речиси 5.000 членови на екипажот, а 1.548 морнари се симнаа од бродот чиј капетан Брет Крозие неодамна предупреди на коронавирусот поради што беше сменет. Ниту еден од заразените морнари не е хоспитализиран, соопшти морнарицата.

Капетанот Брет Крозие беше разрешен откако во јавност излезе неговото писмо до претпоставените во кое бара од морнарицата да преземе поинтензивни активности за сузбивање на ширењето на вирусот на бродот кој носи нуклеарно оружје.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]