Расте бројот на барања за азил во Германија

germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мигрантската криза се врати, алармантно предупредува германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на оценката на шефот на германскиот полициски синдикат Хaјк Тегац.

Бројот на барања за азил во Германија нагло се зголемил во 2023 година, а се очекува да биде уште поголем, соопшти Федералната канцеларија за миграција на оваа земја.


Според податоците од канцеларијата, во споредба со првата половина на 2022 година, поднесени се 77,5 отсто повеќе првични барања за азил.

Според „Билд“, полугодишниот извештај на канцеларијата покажува дека од јануари до јуни се поднесени 162.271 барање, од кои 150.166 се првични пријави.

За споредба, во првата половина од 2022 година се поднесени 84.583 апликации.

Најголем број апликации се од Авганистан (27.310 апликации, што е зголемување за 80 отсто) и Сирија (24.492, односно 77 отсто повеќе).

Посебно расте бројот на баратели на азил од Турција, ги имало 19.208, што е зголемување за 209 отсто во однос на претходната година.

„Билд“ наведува дека повеќе од две третини од регистрираните се на возраст под 30 години, а дури 71,6 отсто од барателите на азил се мажи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK