Ракетен напад врз аеродромот во Триполи, откажани сите летови



– Единствениот функционален аеродром во Либија, меѓународниот аеродром во Триполи, денеска беше цел на ракетен напад и тоа на само еден ден пред средбата на шефовите на дипломатиите од регионот во Алжир, каде треба да разговараат за кризата.

Аеродромот Митига во Триполи беше принуден неколку часа да ги запре сите летови, откако врз него паднаа шест ракети „Град”.

Аеродромот е повеќепати беше напаѓан од почетокот на офанзивата на силите лојални на генералот Калифа Хафтар, кои настојуваат да ја заземат либиската престолнина од силите на Владата на Националната согласност.

Во последните неколку недели светските сили ги интензивираа напорите за изнаоѓање политичко решение на конфликтот, а соседен Алжир утре ќе биде најновата земја домаќин за разгледување на начините како до тоа да се дојде.

Министерството за надворешни работи на Алжир соопшти дека првите дипломати од Тунис, Египет, Судан, Чад, Нигер и Мали ќе се сретнат во Алжир да го придвижат „политичкото решение на кризата преку дијалог меѓу сите страни”.

Алжир, земја која остана неутрална по конфликтот во Либија, со овој свој сосед дели  граница долга приближно 1.000 километри. Либија е растресена од насилство откако во 2011 година востаниците, поддржани од НАТО, го соборија од власт Моамер ел Гадафи, кој потоа беше и убиен.

Средбата доаѓа по самитот од минатата недела во Берлин, на кој светските лидери презедоа обврска да ги прекратат сите странски мешања во Либија и да поддржат ембарго за увоз на оружје како дел од поширокиот план за прекин на конфликтот.


Вести

Седум града со над 100 активно заразенни со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови има над 100 заразени. Најмногу активни случаи има во Скопје (684), по што следат Куманово […]

Бизнис и економија

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

– До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по […]

Субвенции од државата за плати досега побарале 12.380 компании - МИА
Вести

Четврти сет мерки – 470 милиони за поддршка на граѓаните и стопанството, според опозицијата Христијан Мицкоски, четвртиот пакет е задоцнет

– Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна […]