„Рајанер“ ќе отпушти 84 вработени во Белгија


„Рајанер“ ќе отпушти 84 вработени во Белгија - МИА

Брисел, 9 јули 2020 () – Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ ќе отпушти 44 пилоти и 40 членови на екипажот во Белгија поради финансиските тешкотии со кои се соочува откако започна кризата со новиот коронавирус, јави дописничката на од Брисел.

Авиокомпанијата веќе подолго време се заканува со отпуштања во Белгија доколку вработените не ги прифатат новите услови за работа и исплата. По неколку недели обид за преговори, синдикатите соопштија дека одлуката е донесена „Рајанер“ да се ослободи од 84 лица.

Во текот на мај, нискобуџетната компанија најави дека планира да го намали својот персонал за три илјади единки, платите на пилотите за 20 отсто и платите на останатите членови од екипажот за десет проценти.

Во Белгија постои посебен закон во случај на колективни отпуштања, што ги обврзува работодавците да преговараат со синдикатите, закон кој „Рајанер“, според синдикалните претставници, се обидува да го заобиколи и да преговара директно со здруженијата на пилоти. Синдикатите најавија дека нема да попуштат и дека „Рајанер“ ќе мора да ги почитува белгиските закони, како и сите предвидени услови што им следуваат на отпуштените и покрај тоа што компанијата има седиште во Ирска. 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*