Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство


Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство - МИА

Монтреал, 30 април 2020 () – Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) формира специјална група за обновување на цивилните воздушни летови во екот на пандемијата на новиот коронавирус, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на организацијата со седиште во Монтреал, Канада.

Меѓународниот воздушен сообраќај е целосно блокиран поради затворените граници и намалениот број на патници како резултат на коронавирусот. Кризата е незабележана во историјата на цивилното воздухопловство.

Во соопштението на ИКАО се додава дека првите резултати од работата на формираната група се очекуваат кон крајот на следниот месец. Нејзината задача е да определи неопходни мерки, кои организацијата ќе им ги препорача на своите земји членки и на авиокомпаниите за постепен излез од кризата.

За претседател на работната група е избран претставникот на Франција во ИКАО, Филип Берту.


Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Бојан Јовановски во ОЈО Скопје ќе продолжи со поднесувње кривични пријви

Скопје, 3 јули 2020 () – Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска  повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник. Јовановски на […]

Новиот позитивен на КОВИД-19 во Кавадарци, син на претходно заболен - МИА
Вести

И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Скопје, 3 јули 2020 () – Нови 173 потврдени со КОВИД-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти – 15. […]

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните - МИА
Вести

На десеттина дена пред изборите, политичките партии со различни ветувања пред граѓаните

Скопје, 3 јули 2020 () – Ветувања за правна држава, нулта корупција, за повисоки плати, вложувања во здравството, инфраструктурата, економијата и земјоделството, во младите и поддршка за занаетчиството испорачаа политичките субјекти во земјава на десеттина […]