Раб: До септември треба да има вакцини за сите возрасни Британци


– До септември на сите возрасни лица во Велика Британија ќе им биде понудена првата доза од вакцината против коронавирус, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб за „Скај Њуз“.



-Нашата цел е на целокупната возрасна популација во земјата до септември да и ја понудиме првата доза од вацината и ако успееме да го сториме тоа побрзо ќе биде одлично, но ова е планот, рече Раб, пренесе „Скај Њуз“.

Целта е попрецизна од планот на владата за испорака на вакцините, објавен пред една недела, во кој се наведува дека одредено ниво на заштита треба да се обезбеди „до есен“.

Шефот на британската дипломатија одби да гарантира дека секој граѓанин ќе ја прими својата втора доза од вакцината во рок од 12 недели. Тој само кажа дека владата „треба да биде во можност да го постигне тоа“.

Раб се надева дека до март некои ограничувања ќе можат постепено да бидат укинати, за земјата да се врати во нормала.

Тој рече дека работите што го „ризикуваат“ овој план, или, очекување, се новите варијанти на вирусот и притисокот врз здравствениот систем, па затоа уште еднаш ги повика граѓаните да ги следат правилата.