Путин: Со народот мора да се направи отворен и искрен дијалог


– Властите мораат да направат отворен и искрен дијалог со луѓето во врска со коронавирусот, со цел да се спречат шпекулациите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на владината онлајн седница.



– Денес, како и секогаш, потребен е отворен и искрен дијалог со народот за да ги отфрлиме сите шпекулации. Суштината на одлуките кои се носат мора да биде објаснета професионално, компетентно и детално, на дневно ниво. Сите информации треба да се користат за да им се објасни на луѓето што да прават за да се заштитат себе си и своите најблиски и каде можат да добијат прва помош, нагласи Путин.

Тој додаде дека е најважно пациентите кои минуваат низ амбулантно лекување да го знаат се ова.

– Тие не смеат да бидат оставени сами во борбата против коронавирусот, изјави рускиот претседател.