Пушилин: Украинците се поактивно гаѓаат со касетна муниција во Доњецк

pushilin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската армија почна се поактивно да ја гаѓа територијата на Доњецката Народна Република со касетна муниција, изјави денеска вршителот на должноста шеф на ДНР, Денис Пушилин.

-Непријателот се почесто користи касетна муниција, а тоа пред се го загрозува цивилното население. Во изминатите неколку дена покрај Доњецк беа гранатирани и Горловка, местата Јасиноват и Макиевка, како и Шахтјорск , град што е далеку од линијата на фронтот, рече лидерот на ДНР.


Во изминатите неколку дена делови од градот Доњецк беа погодени со оружје што е забрането во голем број земји, а смртта и ранувањето на цивилите станаа нормална ситуација, додаде Пушилин.

-Украинците немаат успех во борбите на фронтот, па затоа се „оправдуваат“ со гаѓање мирни луѓе, рече Пушилин и нагласи дека гаѓањето цивилни населби со касетна муниција нема никаква воена цел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK