Прво апсење на полицијата во Хонг Конг според новиот закон за национална безбедност



Прво апсење на полицијата во Хонг Конг според новиот закон за национална безбедност - МИА

Хонг Конг, 1 јули 2020 () – Полицијата во Хонг Конг соопшти дека го извршила првото апсење откако стапи во сила новиот закон за национална безбедност, јави ДПА.


 

Полицијата соопшти дека е уапсен маж кој го држел знамето за независност на Хонг Конг, што е прекршување на новото законско решение што е изгласано во Пекинг, а почна да се применува од вчера, додаде германската агенција.

„Ова е прво апсење откако законот влезе во сила“, на Твитер соопшти полицијата на Хонг Конг.

На сликата што полицијата ја стави на Твитер се гледа како знамето на кое пишува „независност за Хонг Конг“ лежи на тротооарот, а покрај него стои маж.

Тој носи маица на која пишува „Ослободете го Хонг Конг“, пренесуваат британските медиуми.