Првата доза од вакцината во Велика Британија досега ја примиле 3,6 милиони лица


Според владини податоци, со првата доза од вакцината против Ковид-19 досега во Велика Британија се вакцинирани 3,6 милиони лица.



Британските медиуми наведуваат дека целта на владата на Џонсон е првата доза на вакцината против Ковид-19 до средината на февруари да ја примат 15 милиони лица.

Втората доза, пак, до денеска ја имаат примено  447.261 лица.

Повеќето луѓе биле вакцинирани во Англија, околу три милиони, во Северна Ирска речиси  118.000, во Шкотска околу 224.840 и во Велс 126.375.