Прва жртва од коронавирусот во Јужна Кореја


– Јужнокорејските власти денеска соопштија дека почина првата жртва од коронавирусот во Јужна Кореја, a градоначалникот на јужнокорејскиот град Даегу ги советуваше граѓаните да останат во своите домови.



Пациентот кој бил хоспитализиран во градот Ченгду починал денеска во утринските часови.

Вкупниот број заболени лица од коронавирусот во Јужна Кореја се зголемил за трипати повеќе во два дена и достигна бројка од над 100 заболени. 

Од вирусот, што предизвикува пневмонијална болест, неодамна именуван како КОВИД-19, починаа повеќе од 2.100 луѓе, а заразени се околу 75.000 луѓе, најмногу во Кина.