Прва посета на израелски претседател на Азербејџан

hercog
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот претседател Јицак Херцог денеска пристигна во државна посета на Азербејџан, јави ДПА. Ова е прва посета на израелски претседател на оваа земја.

За време на неговата дводневна посета на главниот град Баку, Херцог планира да разговара со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев за продлабочување на билатералните стратешки односи.


Израелскиот претседател рече дека Азербејџан е „пријателска, блиска, важна земја, клучна земја“ за Израел.

Израелскиот информативен сајт Ynet објави дека илјадници припадници на азербејџански безбедносни сили се стационирани во Баку за посетата.

Херцог рече дека не треба да се заборави дека Азербејџан е сосед на Иран. – Иран е дестабилизирачки фактор во регионот кој постојано презема акции против државата Израел и против развојниот сојуз за мир и безбедност во регионот, и јас секако ќе разговарам за тоа, истакна тој.

Во март, Азербејџан отвори амбасада во Тел Авив. Израел има амбасада во Баку од 1993 година.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов присуствуваше на отворањето на амбасадата во Израел. Еден месец подоцна, неговиот израелски колега го посети Баку.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK