Протест и контрапротест во Тулуз


Протест и контрапротест во Тулуз - МИА

Париз, 16 мај 2020 () – Првиот викенд од излегувањето од изолација, Жолтите елеци сакаа да го искористат за демонстрации и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица, со оглед на тоа дека вонредната санитарна состојба се уште е во сила. Собирот во Тулуз доведе до тензии помеѓу Жолтите елеци и антикапиталистички активисти од една и трговците од друга страна, јави дописникот на .

Истовремено, неколку десетици трговци демонстрираа исто така во Тулуз, поддржани од градоначалникот од редовите на републиканците, Жан-Лук Муденк, како одговор на повиците од Жолтите елециза продолжување на пшротестите.

Собирот, на кој главно се собраа претставници на трговските здруженија, предизвика неколку напнати размени со некои „жолти елеци“ и анти-капиталистички активисти. Вторите, рано попладнето имаа мали расфрлани групи во центарот на градот, растурени од бројните полициски сили, кои на учесниците им написаа казни.

п

– Ние сме тука да кажеме дека е неодговорно од страна на Жолтите елецида се демонстрира кога пшостои ризик од  од зараза и дека е неодговорно да се блокираат продавниците, изјави Филип Леон, од Здружението на трговците од центарот на градот Тулуз.

Во попладневните часови, големите полициски сили останаа распоредени во центарот на Тулуз, еден од бастионите на Жолтите елеци од самиот почеток на Движењето, за да се спречи какво било прегрупирање на демонстрантите.

Еден од лидерите на Жолтите елеци, Жером Родригез денеска ги повика граѓаните на протести, истакнувајќи дека „веќе два месеца владее фрустрација“.

Додека друг претставник на Жолтите елеци, Франсоа Було наведе дека очекува бран на незадоволство во Франција и оти Движењето ќе биде дел од идните протести.

Движењето Жолти елеци протестираше секој викенд од ноември 2018 година.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]