Пронајдено тело на кит осомничен дека собирал информации за Русија во Норвешка

2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кит белуга со прекар Хвалдимир, кој првпат беше виден во Норвешка во близина на руските територијални води со електронска јака за која се верува дека се користи за шпионажа за Русија, беше пронајден мртов минатиот викенд.


Норвешката јавна телевизија НРК објави дека татко и син рибари пронашле тело на кит како лебди во заливот Рисавика на југот на Норвешка во саботата, пишува Гардијан.

Китот со кран е изваден од водата и со брод е пренесен на вештачење до блиското пристаниште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK