Пронајдени телата на десетмината војници, осум месеци по падот на хеликоптерот во Папуа


– Пронајдени се телата на десетмината војници кои загинаа пред осум месеци кога нивниот хеликоптер се урна во провинцијата Папуа, соопштија индонезиските власти.



Екипите на елитните сили на Индонезиската армија пронајдоа  остатоци од хеликоптерот Ми-17, произведен во Русија, на стрмна падина на надморска височина од околу 3.800 метри.

Портпаролот на војската на Папуа, Дакс Сиантури рече дека се идентификувани телата врз основа на нивната униформа.

Воениот командант Бинсар Сианипар, кој ја предводеше мисијата, појасни дека лошите временски услови ги спречувале нивните обиди да ги извлечат телата со помош на јаже и најави дека операцијата ќе продолжи утре наутро.

Причината за несреќата сè уште се истражува. Хеликоптерот изгубил контакт пет минути по полетувањето од Оксибил на 28 јуни.

Тој полета во Џајапур, главниот град на провинцијата Папуа.


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]