Пронајдени се телата на 22 лица од хеликоптерот што се урна на Камчатка

helikopter.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руските служби за вонредни состојби денеска соопштија дека ги извлекле телата на 22 лица кои се наоѓале во хеликоптерот што се урна на далечниот исток на Русија.


Несреќата се случила на Камчатка, недопрен полуостров со бројни вулкани, познат по својата убавина и богатиот животински свет.

Хеликоптерот Ми-8 со 19 патници и тројца членови на екипажот полетал од базата во близина на вулканот Вачкажец, а спасувачите ги лоцирале остатоците следниот ден.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации, дека најверојатно се урнал поради лошите временски услови, односно слабата видливост.

Покрената е истрага за можна грешка на пилотот или технички дефект.

Авионот и припаѓал на авиокомпанијата Витјаз-Аеро, за која руските медиуми наведуваат дека е еден од најголемите превозници во регионот на Камчатка.

По хеликоптерската несреќа во 2021 година во која загинаа осум лица, властите и забранија на компанијата да превезува патници во очекување на истрага за можни прекршувања на правилата за воздухопловна безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK