Двајца мртви овчари беа пронајдени во близина на јужната граница на Либан, еден ден откако беа под израелски оган, јави либанската државна новинска агенција ННА. Мировните сили на Обединетите нации во Либан УНИФИЛ вчера вечерта соопштија дека се обиделе да евакуираат две лица кои се нашле под израелски оган.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги прекинаа нападите во областа за да им овозможат на УНИФИЛ и на либанската армија да ги бараат мажите.
Телата на овчарите се пронајдени по неколкучасовна потрага од либанскиот Црвен крст, армијата и УНИФИЛ, пишува CNN.